среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриевска Кочоска: Очекувам институциите во иднина да бидат потранспарентни во однос на тоа каква ни е ситуацијата

Димитриевска Кочоска: Очекувам институциите во иднина да бидат потранспарентни во однос на тоа каква ни е ситуацијата

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за сетовите на мерки кои вчера ги претстави владата на СДСМ каде истакна дека според Finance Think досега 193 милиони евра се реализирани од трите пакети на мерки , а владата вели дека овие три пакети на мерки тежеле 550 милиони евра.

Според неа многу позначајно е транспарентноста на податоците во однос на тоа каква ни е ситуацијата во државата.

-Прво морам да споменам, заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски спомена дека 550 милиони евра тежеле трите пакети. Но ние денес еве да не биде дека ние од ВМРО-ДПМНЕ сме пресметале ќе се повикам на Finance Think, институција која работи на анализи и таа вели 193 милиони евра до сега се реализирани од трите пакети на мерки или тоа се некаде 33% реализација. Притоа да не заборавиме последниот пакет на мерки тежеше 355 милиони евра, а од 355 милиони евра некаде околу 47,5 милиони се реализирани односно сега е дискутабилно нели за туризмот дали е комплетна реализацијата, некои велат дека 4 милиони некои велат дека се 12 милиони евра. Морам да напоменам дека ова е многу сериозен проблем од аспект на транспарентноста и очекувам од надлежните институции во иднина малку потранспарентно да ги кажуваат податоците каква ни е ситуацијата. Не го велам ова само на памет , туку Transparensy International во август имаше дадено едно мислење по однос на тоа каде Македонија по однос на транспарентното трошење на парите поготово за ММФ и тоа е баш направено за ММФ каде што е констатирано дека Македонија е едно од 21 земја кој не покажале транспарентно трошење на средствата и тука сме вброени со Албанија, Косово и БИХ. За разлика од тоа Црна Гора е земја која транспарентно покажала како ги трошела парите на ММФ, рече Димитривеска Кочоска

Имено, таа додаде дека 150 милиони евра има кредити кои што државата ги планираше да ги пласира преку комерцијалните банки со 10 милиони државна гаранција која што ќе ја дадеше на комерцијалните банки и тој истиот тој предлог го имаме во овој предлог на четвртиот сет на мерки и сега не се 150 милиони евра туку се 65 милиони евра со 10 милиони евра како државна гаранција.

 

Најнови вести