петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитриевска Кочоска: Власта ги излажа граѓаните за мерката „Викенд без ДДВ“

Димитриевска Кочоска: Власта ги излажа граѓаните за мерката „Викенд без ДДВ“

Гордана Димитриевска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24 говореше за мерката викенд без ДДВ која ја промовираше владата каде посочи дека оваа мерка има одредени недостатоци и не е онака како што владата ја најави.

-Прво беше кажано дека ќе имаме викенд без ДДВ и беше кажано дека ќе биде септември. Не беше септември, се доцни. Втората работа која што сега ја кажаа е тоа дека секој еден граѓанин кога ќе отиде да пазари прво има лимит од 30.000 денари и второ кога ќе пазари ќе си го плати ДДВ што тоа значи дека ќе ја акредитираш државата со ДДВ додека не го чекаш повратот на ДДВ наназад. Според најавите беше кажано дека повратот на ДДВ ќе биде за 3-4 дена и тоа не е возможно да се оствари заради тоа што има технички проблеми во УЈП и жално е што во изминатиот период УЈП во некога институција што работи работи кои не се својствени за нејзе, истакна таа

Таа посочи дека она што е многу битно е дека има граѓани кои што сега се погодени на платите, некои имаат минимални плати, на дел од граѓаните им се намалија, кризата тоа го наметна.

-Ако имаме таква ситуација целта беше да имаме викенд без ДДВ, да нема 18%, тоа е како да добиле попуст од 18 проценти кога ќе платат помалку. А, сега им велите не, вие велите платете го ДДВ, па ќе ви го вратиме, што е сосема различно, додаде таа.

 

Најнови вести