понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Димитриевски: Се случи нетранспарентна, недемократска и крајно сомнителна постапка, со прекршување на законски, статутарни и правни акти при изборот на ректор на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”

Димитриевски: Се случи нетранспарентна, недемократска и крајно сомнителна постапка, со прекршување на законски, статутарни и правни акти при изборот на ректор на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”

Тема на вечерашната емисија “Што не е јасно” на Алфа телевизија е денешната вест за реизборот на ректорот Никола Јанкуловски на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”. Јанкуловски беше повторно избран за ректор и неговиот мандат стартува од 15-ти септември оваа година и ќе трае до 15-ти септември 2023 година. Гостин во емисијата е еден од тројцата кандидати кои се повлекоа на само еден ден пред гласањето за кандидат за ректор на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски.

-Воопшто не се чувствувам поразен затоа што овие резултати беа за очекување. Се случи нетранспарентна, недемократска и крајно сомнителна по однос на прекршување на законски, статутарни и правни акти кои се однесуваа на водење на една ваква постапка. На тоа јас укажував уште на самиот почеток на оваа постапка. Со тоа што ги ставивме кандидатурите во мирување ќе придонесеме за демократизација во Универзитетот. Универзитетската комисија која што прва укажа на неправилностите и прва се одважи да се спротивстави преку давање на оставка на местото на членови на универзитетската изборна комисија. Дури и претседателот на Комисијата Пламен Тројачанец јавно во своја изјава укажа на многу притисоци кои што ги имал додека ја обавуваше функцијата претседател, укажа на нетранспарентноста, укажа на неговата борба за да се променат и роковите и таа целата постапка да оди во една нормална процедура, укажа на тоа и дека не му бил доставен записникот од државниот просветен инспекторат, со кој што требало да прекинат дејствијата бидејќи неможел да види дека се направиле одредени повреди во постапката, рече Димитриевски.

Најнови вести