Напредок, но зад затворени врати и со малку информации за јавноста. Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија вториот ден од новата средба ја продолжи рано утрово не откривајќи по кое прашање е направен конкретен напредок на средбата во февруари, но и на вчерашниот состанок, а кој напредок веќе го објавија политичарите во двете земји. Камерите на две телевизии утрово успеаа да изнудат изјави од бугарските членови на Комисијата додека тие влегуваа на состанокот во зградата на МНР. Спорната тема, Цар Самоил е затворена со договор за заедничко чествување, додека за Гоце Делчев не било разговарано.
Македонскиот дел од Комисијата и од оваа средба останува недостапен за информации за јавноста, со најава дека ќе испратат соопштение по средбата, а за деталите ќе дадат интервју на една избрана национална телевизија.
И состанокот во февруари помина далеку од очите на јавноста, а на која за првпат по година и половина беше направен напредок во работата на Комисијата што беше соопштено преку соопштение.
Во меѓувреме додека историчарите молчат политичарите оптимисти дека историските прашања се откочиле. Во последните пет дена таков оптимизам двапати стигна од бугарскиот премиер.
„Историската комисија е единствена која може на двете влади да им каже по кои од историските личности се согалсиле и за кои од историските факти веќе може да се прифатат како заеднички. Колку што сум информиран напредокот е огромен“ – изјави бугарскиот премиер Петков.
Петков притоа најави дека очекува Комисијата наскоро да излезе со резултати. Тој сепак ги сепак наброи кои се клучните аспекти кога станува за македонското пристапување во ЕУ, а тоа е отворање на архивите и говорот на омразата и што е направено како механизам против тоа, како и што ќе влезе во преговарачка рамка за земјава, односно дали Уставот на земјава ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.