недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитровски: Најголем мајмун излегов кога ја поддржував Катица и СЈО, а корупцијата се чувствува насекаде во државата

Димитровски: Најголем мајмун излегов кога ја поддржував Катица и СЈО, а корупцијата се чувствува насекаде во државата

Заменик министерот за локална управа Зоран Димитровски во гостувањето во „Радио Лидер“ истакна дека клучниот проблем во Македонија е корупцијата и организираниот криминал.

-Вие не можете да се вадите на релативизации, да кажете дека станува збор за перцепција. Корупцијата пред се се мери како перцепција. Или пак да кажете дека перцепција е на луѓе од онаа, или оваа фела. Не може против параметрите, зар вие не ја чувствувате корупцијата во општеството? Вие сметате дека сте завршиле со правдата во Македонија“, праша Димитровски во однос на рангирањето на Македонија во Транспаренси Интернешнл и оправдувањата на власта.

Димитровски додаде дека најголем мајмун излегол кога се обзнани криминалот на Катица Јанева. Тој верувал во Јанева и во институцијата, но жал правда немало, единствено сите граѓани кои ја поддржуваа излегоа мајмуни, вели тој. Кога правда во Македонија нема, како граѓаните ќе веруваат дека во државата нема корупција.

-Доживеавме да станеме сите ние мајмуни кои што одевме со маичките на СЈО, вие можеби не сте биле дел меѓу нив, но јас сум бил. Успеаја да не направат мајмуни. И сега кога најголемата надеж во правда во Македонија ќе ја изгубите, нормално како очекувате борбата против корупцијата да биде на некакво високо рамниште на скалата, истакна Димитровски.

Најнови вести