среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитровски за Бугарите во Уставот: Ќе биде единствено малцинство во светот на кое што ќе му биде дадено легитимното право да го негира мнозинскиот народ

Димитровски за Бугарите во Уставот: Ќе биде единствено малцинство во светот на кое што ќе му биде дадено легитимното право да го негира мнозинскиот народ

Доскорашниот заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски во гостување во Радио Лидер зборувајќи за аспектите и последиците од вметнувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија истакна дека со таквиот потег Бугарите би станале единствено малцинство во светот кое би го имало легитимитетот да го негира македонскиот народ кој е мнозински.

-Вие сакате малцинство да стане дел од Уставот во Македонија, Бугарите да станат дел од Уставот, како уставотворен народ велат они не како малцинство кое што ќе го има правото да го негира мнозинскиот народ, затоа што за тоа се работи. Се работи за нивната и реторичка, меѓутоа и политичка идеа дека македонскиот народ е коминтерноска творба. Да се даде легитимитет на малцинско право за негирање на мнозинскиот народ, тоа го немате никаде во компаративната историја или политичка наука на малцинства во светот. Ќе биде единствено малцинство во светот на кое што ќе му биде дадено легитимното право да го негира македонскиот народ, истакна Димитровски.

Димитровски потенцираше и дека е загрижен за анационалните политики кои ги води Владата и дека ако се продолжи со вакви политики допрва ќе следи етнички инженеринг вештачко менување на етничката карта во Македонија.

-Загрижен сум за иднината на Македонија поради анационалните политика на Владата, тек допрва следи етнички инженеринг бидејќи доколку Владата на Македонија продолжи вака Бугарската држава ќе продолжи да создава Бугари во Македонија. Позиционирањето на бугарското малцинство во Македонија не е само тие да ги добијат основните културни права и тука да заврши целата приказна, заклучи Димитровски.

Најнови вести