понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: Историјата на Република Македонија и нејзината иднина не му припаѓаат на Никола Димитров

Димков: Историјата на Република Македонија и нејзината иднина не му припаѓаат на Никола Димитров

Бараме да се изгласа недоверба за министерот за надворешни работи г. Никола Димитров. Тој како министер за надворешни работи е еден од најодговорните за угледот на Република Македонија надвор од нејзините граници , но за жал Никола Димитров откако ја извршува оваа функција сметам дека го наруши угледот на Република Македонија но и направи стратешки грешки кон надворешната политика но и кон сопствениот народ.

Со сериозни и непоправливи грешки кон Република Македонија и македонскиот народ, појасни Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при заседавање на седница за интерпелацијата. Димков образложи дека преку оваа интерпелација сакаме да дадеме до знаење дека историјата на Република Македонија, но уште повеќе нејзината иднина не му припаѓаат на Никола Димитров.

И не е тој, оној кој може, смее сам да одлучува во името на сите граѓани на Република Македонија. Од досегашната работа на министерот за надворешни работи Никола Димитров е единствено што може да се заклучи е дека оваа наметната гарнитура на власт не ја ужива поддршката на мнозинството граѓани и е со една единствена цел да се урнат темелите на македонската држава за на крај и како што се случи промена на уставното име на Република Македонија, нагласи Димков.

 

Најнови вести