петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: Самиот обид за менување на името е срам за Заев и СДСМ

Димков: Самиот обид за менување на името е срам за Заев и СДСМ

-Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ сме силно за НАТО и ЕУ но против менување на Уставот на Република македонија, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков на денешното продолжение на Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија.

Димков додаде дека под изговор за подобар живот, СДСМ прави геноцид на македонскиот народ и дека самиот обид за менување на Уставит е голем срам за оваа генерација политичари од СДСМ.

-СДСМ изгуби на парламентарните избори и немаат мандат да прават нешто за што народот не ги овластил. Сега преку референдумот народот повторно им кажа дека не сака менување на името и повторно процесот се тера на сила, додаде Димков.

Најнови вести