сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димова повикана во Кривичен суд, се бара да и биде одземен пасошот

Димова повикана во Кривичен суд, се бара да и биде одземен пасошот

Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова која е осомничена за злоупотреба на пари од европските фондови, денеска е повикана во кривичниот суд кој треба да одлучи дали ќе и ги одземе патните исправи. Ваква мерка на претпазливост поради опасност од бегство бара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Освен Димова, пред судија на претходна постапка денеска ќе седнат уште двајца од четворицата обвинети дека делеле грантови на фризерницата ВЕЗ Трејд.

Нејзиниот сопственик Зоран Златковски во понеделникот беше на распит пред во кривичниот суд кој одлучи да му ја одземе патната исправа а го задолжи и еднаш неделно да се јавува во судот.

Димова и нејзините соработници се осомничени за измама, кривичната пријава им ја поденесе финансовата полиција.. Според пријавата тие предизивкале штета од над 400 илјади евра.

Најнови вести