среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски до Симовски: Луѓе ги немаат видено внуците, во ден со над 16,000 активни случаи се заканувате со кривични, отустни сте од реалноста

Димовски до Симовски: Луѓе ги немаат видено внуците, во ден со над 16,000 активни случаи се заканувате со кривични, отустни сте од реалноста

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, му посочи на директорот на ДЗС Апостол Симовски дека во ден со над 16,000 се заканува со кривично по народот, луѓе не си ги виделе внуците, пола Европа го одложила пописот, ама кај нас власта се заканува наместо да го заштити здравјето на граѓаните.

-Оваа власт има отсуство на реалност луѓе си ги немаат видено внуците, во ден кога имаме 16,000 активни случаи на корона, тоа значи дека близу 60 илјади луѓе законски не смеат да бидат попишани, како ќе ги попишуваме овие луѓе, како ќе ги пошуваме оние луѓе кои се на кислородна поддршка, а се борат за секој здив , а ние толкуваме како да ги казнуваме овие луѓе, критикуваше Димовски.

Отсуство на реалност е вели Димовски затоа што пола Европска унија и соседните земји, какои земји кои веќе ја победија короната со 100% вакцинација како Израел, властите тука наместо одложување на пописот, се закануваат со казнување.
Кој ќе отиде да им тропне на врата на оние семества кои загубиле некој близок, а има градови каде има по 200,300 сметни случаи веќе, кој ќе ја сноси одговорноста ако имаме барем еден смртен случај заради пописот? –го праша Илија Димовски, директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Димовски истакна дека власта мора да покаже одговорност, а директорот Симовски треба да биде доблесен, да биде гласот на совеста и да каже дека попис во вакви услови не треба да биде спроведен, а не јасно да се заканува со кривична одговорност кон граѓаните.

Најнови вести