Ова е класично воено профитерство. Уште по страшно е што го прават првите луѓе од владата. Монструозно е што Филипче за негов личен или нечиј друг профит, според пишаното, не само што го загрозува здравјето на граѓаните на Република Македонија, туку и директно продуцира нови заболени и нови смртни случаи.
Одамна знаеме дека души немате. И морал и етичност немате. Ама, барем малку сочувство кон луѓето кои живеат во Македонија да имавте?, пишува во својата Фејсбук објава Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.