ВМРО-ДПМНЕ бараше веднаш предвремени парламентарни избори уште по локалните избори и се уште нема функционална влада од повеќе апсекти, односи со Бугарија, енергетска криза. Оттука сметаме дека оваа влада нема легитимитет, прво го изгуби на локалните избори, второ, самото преструктуирање во СДСМ, а и четворица носители на листи од претходните парламентарни избори Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Никола и Билал Касами велат дека Владата тргнала по погрешен пат, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.
Според него во принцип контакти меѓу власт и опозиција се добредојдени.
-Но, да се надеваме дека ова раководство ќе да сфати дека не може да ги прават сами чекори во клучни сегменти како меѓународни односи, економски проблеми. Доколку се прифати дека не може да ги прави сама чекорите во клучни области, добредојдени се контакти, вели Димовски.
Тој укажа дека во демократски земји прво, не се случува во Влада да се импалантираат лица кои не учествувале на избори, второ, програмата по која ќе работи владата е онаа со која настапи СДСМ на избори или не, и трето, овој состав на Владата не го оформи Димитар Ковачевски, туку Заев, тој водеше разговори за парламентрано мнозинство.
-Прво, ова го нарушува контактот на граѓаните со избраната власт, и второ, континуирано се соочуваме со негативни коментари од меѓународни институции. Во тој случај доаѓаме до тоа дека оваа политичка гарнитура не е свесна и дека не сака да го прифати фактот дека граѓаните не ја поддржуваат, дека нема концепт и дека нема капацитет да ги реши основните пробелми на граѓаните. Оттука не може да се правиме дека немаме проблеми односно имаме здравствена криза, енергетска, дека капитални инвестиции нема и од тој аспект убаво е да се говори за разговора, но истите мора да понудат решение за граѓаните, кажа Димовски.