ВМРО-ДПМНЕ, не толку почитуван Андреј Ковачев, протестира против оние чија цел е да ги уништат Македонскиот народ и Македонската држава и против неофашистите како тебе и тој кого го фалиш. Кратко и јасно. И протестира за зачувување на сопствениот идентитет, јазик, култура и историја, стои во Фејсбук статусот на Димитар Димовски.
– Ако ова ти е јасно, да ти разјаснам уште нешто. Македонците страдале од Бугарите во повеќе наврати. Претпоследното страдње било за време на втората светска војна, кога бугарските фашистички војници имаат ликвидирано и заклано стотина македонци, но и претепано и силувано илјади Македонци и Македонки. И кога испрстиле стотици македонски Евреи во Треблинка. И кога украле сериозни количини на историски и културни вредности од Македонските цркви и домови. Последното страдање ни го причинувате сега, крадејќи нинка историјата и негирајќи ни ги јазикот и идентитетот, пишува тој.
– Ако ова го разбираш, да ти објаснам уште нешто. Македонскиот народ е кроток, добродушен народ. И верувам дека во голема мера ќе ви прости за злоделата. Дојдете ти и твоите истомисленици и шефови, Борисов, Каракачанов, Џамбаски…, да ги посетите спомениците на оние Македонци кои се погубени од раката на бугарскиот фашистички окупатор. Дојдете во Ваташа, во Поречието, во Куманово, Прилеп, Берово, низ цела Република Македонија, влезете и во музејот на холокаустот и кажете: “Простете, нашите предци ви згрешиле многу. Ние сакаме да ја исправиме таа грешка.” Ако сте искрени и сериозни, тоа ќе го препознаеме и ќе ви простиме. И можеме да продолжиме да градиме добри односи, да одиме напред, почитувајќи се едни со други, но и почитувајќи ги правата на оние кои се изјаснуваат за бугарско малцинство кај нас (иако не сум чул до сега дека има такви) и на оние кои се изјаснуваат за Македонци кај вас. Јасно ми е дека се срамите од својата историја, па затоа и посегнувате по нашата. Јасно ми е и дека ви причинува фрустрации тоа што Македонци ви биле даскали, градители, министри и премиери. Но ние не го ни споменуваме тоа и нема ни во иднина да ви го кажуваме. Македонија е богата со паметни и мудри луѓе, има и за на вас да ви даде, вели Димовски.
– Андреј Ковачев, ти си пратеник во Европскиот парламент, кој по природата на работите, треба да биде нај гласен во промовирањето на европските вредности. Не на неофашистичките и претендентските кон туѓото.
П.С. Што се однесува до Југославија, Македонија и Македонците страдале и во тоа време, но секако многу помалку отколку во времето во кое вие сте биле наши “администратори”. И да, јас не сум југословен, ниту пак моите предци биле тоа. Ние по корен сме Македонци. Тоа и ќе останеме, пишува тој.