петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: На 12-ти април, вечерта, ќе ја славиме големата победа над ова зло

Димовски: На 12-ти април, вечерта, ќе ја славиме големата победа над ова зло

Денеска, со кампањата Обновата пред Вашиот дом, бевме во селата Робово и Умлена, како и во градот Пехчево, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски.

-Робовци се вредни луѓе, работат земјоделие, не чекаат социјална помош. Се жалат на се потешките услови во секојдневието, но и на недавањето субвенции од страна на државата, веќе втора година. Велат, “овие од власта може ќе ни исплатат субвенции сега пред избори, за да ги гласаме пак. Ама ја научивме лекцијата. Никогаш повеќе нема да ги гласаме”, пишува тој на Фејсбук и додава:

„Во село Умлена ги измачува тоа што веќе нема млади. Речиси сите се иселени. Нема кој да ги обработува полињата, а шталите се празни. Но, ги боли и промената на името, предавството кое го направи власта со националниот идентитет, воведувањето на двојазичноста, промената на историјата. Разочарувањето од власта е големо и во Пехчево, но надежта во Обновата на Македонија е уште поголема. Силна и позитивна енергија се шири во седиштето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. И едногласна порака – Победуваме! На 12-ти април, вечерта, ќе ја славиме големата победа над ова зло, а од 13-ти април се зафаќме со Обнова на пеплосаната наша Македонија. И ќе ја изградиме повторно. Ќе ја заживееме правдата, ќе ја донесеме правдината за сите обесправени, а посебно за неправедно осудените патриоти. Економијата ни е исто така приоритет, како и зачувување на националниот идентитет. Од нас зависи, велат Пехчевци, и затоа сме подготвени да ја обезбедиме најубедливата победа до сега. И, овие пораки се слушаат ширум целата држава. Цела Македонија веќе е на нозе и е подготвена за Обновата“.

Најнови вести