сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Од доходовна компанија како што беше ЕСМ, сега е сведена на компанија којашто произведува загуби

Димовски: Од доходовна компанија како што беше ЕСМ, сега е сведена на компанија којашто произведува загуби

Од една доходовна компанија како што беше ЕСМ, сега е сведена на компанија којашто произведува загуби и од тие причини не сме доволно убедени дека навистина овој кредит којшто ќе го земе ќе биде во кондиција во можност да го исплати, вели пратеникот од СПМ коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Димовски на денешната Собраниска седница.

„Ние треба да идеме на стабилно производство кое ќе ни гарантира производство на електрична енергија и поиниска производна цена за да можеме да ја амортизираме високата цена на увозот за струја“, рече Димовски.

Димовски додаде дека од друга страна не смееме да ги оставиме граѓаните гладни, или пак да имаат средства да платат трошоци за електрична енергија а да немаат пари да се прехранат.

„Јавноста треба да знае дека нам од утре сериозно ни се закануваат високи цени и тоа сериозно ќе се удри врз џебот на просечниот македонски граѓанин со зголемување апсолутно на се, особено на прехранбените производи“, кажа Димовски.

Димовски истакна дека од аспект на земјоделско производство многу лесно земјоделските површини ги трансформираме во градежни на коишто се поставуваат соларните електрани и многу неодговорно се однесуваме кон постоечките хидроакумулации.

Најнови вести