понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Ова е прв случај во светот и во историјата каде што власта поразот и предавството ги слави како најголем успех

Димовски: Ова е прв случај во светот и во историјата каде што власта поразот и предавството ги слави како најголем успех

Ова е прв случај во светот и воопшто во историјата каде што една власт целиот пораз и целото предавство го претставува и го слави како најголем успех за нив, изјави Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за вестите на Алфа телевизија.

Димовски посочи дека ова велепредавство се случи затоа што 81 човек гласаа во Собранието, а не најмалку 930.000 граѓани колку што беа потребни на референдумот, затоа што народот на 30-ти септември народот гласно му кажа не и на СДСМ и на Зоран Заев и на се она што го прават.

– Тие 81 човек кои што го направија тоа, ја уништија Република Македонија, ја уништија историјата културата, фолклорот, уништија се она што досега сме го учеле, тие 81 глас ќе треба да одговараат заедно со тие кои што ги натераа со сила или на друг начин тоа да го направат. Затоа што уште пострашна ќе биде промената на историјата која што е базирана на релевантни и научни докази уште пострашно ќе биде кога ќе треба ја промениме културата и кога Танец нема да може да го заигра костурското оро, а Љубојна нема да смее да ги пее своите песни, вели Димовски.

Тој потенцираше дека сето ова може да се спречи доколку се излезе на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, народот ќе ја земе власта во свои раце и ќе може да се спаси тоа што не е загубено и да се поврати тоа што сега СДСМ го продава.

– ВМРО-ДПМНЕ во секој момент е подготвено за предвремени парламентарни избори и тоа сме го докажувале многу пати низ годините. Така што имаат доволен број на пратеници уште утре нека свикаат седница во Собранието да се самораспушти и заедно со претседателските избори да се одржат предвремени парламентарни избори на кои што народот ќе си ја врати власта во свои раце, нагласи Димовски.

Најнови вести