Новинарот Саше Димовски целосно ја разобличи политиката на власта во однос на правосудниот систем во Македонија, во своето гостување во телевизија Телма.
Тој сподели со јавноста скандалозна информација дека советник на премиерот Зоран Заев ќе биде новиот избор за уставен судија во уставниот суд на Република Македонија.
-Еве неофицијално не знам дали ќе е точна информацијата, нов судија во Уставниот суд наскоро треба да стане еден од сегашните советници на премиерот Зоран Заев. Јас сум убеден дека нема да биде непристрасен доаѓајќи од таа позиција, но оставам да му истече мандатот на овој судија кој треба да се врати во врховниот суд и на негово место ќе дојде тој советник, вели тој Димевски не само со овој пример, докажа дека веќе се е однапред договорено и дека се знае кој ќе биде одбран споделувајќи со јавноста уште еден скандалозен пример за тоа како „судството е отворено како пупка“, потенцира Димовски.
Во однос на застојот на избор на судии во Апелациониот суд тој истакна дека причината за тоа е што владејачките партии СДСМ и ДУИ не можат да се договорат кој да стане дел од судот, па така Заев лобира за судијка од неговата родна Струмица, а ДУИ за судијата Осман Шабани кој пак е судија во низа предмети на СЈО.
-И сега судскиот совет си прави внатре лобирање кого да избере. Имаме застој за избор на судии во апелациониот суд каде со години нема избрано затоа што премиерот рекол дека од Струмица мора една судијка да дојде во Скопје, дел од членовите не го прифаќаат тоа, барањето на ДУИ е судијата Осман Шабани да оди во Апелација што другите не го прифаќаат бидејќи суди 4-5 предмети од овие на СЈО се сериозни па да не пропаднат и сега имаме застој во избор на судии затоа што едното, второто и некое трето лоби не можат да се усогласат. А законот им вика во рок да изберат, значи сите рокови се поминати, прекршени никој не разговара за одговорноста на членовите во судскиот совет, додаде Димовски.
Новинарот жестоко ја критикуваше и министерката за правда Рената Дескоска за која посочи дека не си ја врши работата.
-Вчера министерката за правда излезе и условно кажано им се закани на судиите, а министерката која треба ја креира политиката во државата во областа на правдата која е дел од судскиот совет, откако е формиран овој судски совет, откако е таа министерка нема дојдено на ниту една седница. Тоа е крајно неодговорно однесување на министер за правда, вели Димовски.