петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Владата со приемот на Авганистанци откупува гревови како криминалот и корупцијата констатирани од САД

Димовски: Владата со приемот на Авганистанци откупува гревови како криминалот и корупцијата констатирани од САД

Во политички контекст Македонија не доби ниту датум за почеток на преговори со ЕУ, во тие преговори со соседите учествуваа сите стратешки партнери кои беа гарант и граѓаните може и треба да се чувствуваат незадоволни. Не дека не треба да помогнеме на бегалците, но онолку кога можеме, па Македонија не е во состојба вода за 100 илјади граѓани да обезбеди за Тетово. Како Хрватска прима 20, а ие 650, а знаеме дека бројката ќе е многу поголема, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.

Димовски посочува дека не може вака со примање бегалци да се подобрува имиџот на Владата надвор. Според него Владата со приемот на Авганистанци откупува гревови како криминалот и корупцијата констатирани од САД.

– Владата преку портпарол брифираше дека размислуваат и за програма за вработување на бегалците. Како е тоа можно кога има 29 младинска невработеност, 10 илјади компании згаснаа за две години, 50 илјади лица има повеќе на Биро за вработување. Мислам дека премногу се расфрламе само за власта да си ги откупи нотираните гревови во меѓународните извештаите, смета Димовски.

Најнови вести