сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уништување на идентитетот и самобитието на македонскиот народ

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уништување на идентитетот и самобитието на македонскиот народ

-Сметам дека не е целта само решавањето на името на оваа власт, туку повеќе е целта покрај името да се реши и проблемот со идентитетот на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ како национална партија дефинитивно е најповикана да не дозволи унишување на националниот идентитет и самобитие на македонскиот народ. Всушност, ВМРО-ДПМНЕ кога е формирана како политичка партија е формирана токму од овие причини. Ние како политичка партија нема да дозволиме промена на Уставот на Република Македонија и промена на уставното име истакна Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Ѕид“.

Димковски на ова се надоврза дека за разлика од партијата ВМРО-ДПМНЕ која има црвени линии, СДСМ нема ни жолти, ниту пак црвени линии. Тој истакна дека изјавата на Зоран Заев дека македонците треба да ја свиткаат кичмата ја спроведува  денеска и баш  затоа оваа структура е инсталирана да владее во Македонија.

Според Димовски СДСМ се однесуваат како поминувачи во државата кои што дошле нешто да соберат и да продолжат понатаму.

-Недозволиво е на власт да се однесува така во сопствената држава. Јас сакам да ги потсетам дека тие се должни како претсавници на Република Македонија да ја почитуваат времената спогодба и резолуцијата на Обединетите нации со кои што сме примени во организацијата на Обединети нации бр. 47/255 и да потенцирам дека особено е важно да пред себе во секој момент кога преговараат за името на Република Македонија пред своите очи да ја имаат пресудата од Хаг во 2011 година и меѓународниот суд на правдата во која што и меѓудрогото се укажува дека Република Македонија може да го користи уставното име и во односите со Грција и во рамките на меѓународните организации рече Димовски.

Тој потенцираше дека во македонскиот Устав нема одредби на иредентизам кое е едно од барањата на нашиот јужен сосед. Димовски рече дека уште поважен момент во пресудата е што пишува дека Македонија има право самата себе да се нарекува Република Македонија односно да го користи сопственото уставно име.

-Имајќи ги во предвид овие неспорни факти , владата во преговорите не смее ниту да помисли да излезе онадвор од овие рамки . Зошто ги игнорираме овие факти и аргументи кои што се наша страна? Ако ја претставуваме нашата држава треба висински да ја претставуваме нашата држава како луѓе кои што потекнуваат од нашата држава , кои што живеат во оваа држава . не смееме да се однесуваме како странци, како случајни поминувачи во оваа држава во ниту еден момент а не пак во преговорите за името, идентитетот , јазикот и така натаму потенцираше Димовски.

Најнови вести