Проблемот во скандалот со издавање на пасоши е што државен орган е вклучен во фалсификатот, без оглед на тоа што го правеле несовесни поединци за лични, материјални и не знам се какви мотиви. Но, пасошите кои што се издадени се оргинал, тие минуваат и го решаваат најголемиот проблем што го имаат сите фалсификатори. Тие пасоши се внесени во базата на податоци, на министерството за внатрешни работи, истакна Александар Диневски, поранешен разузнувач во емисијата „24 Анализа“.
Диневски додаде дека е направен тежок упад во државниот систем. И ваквата афера покажува единствено ранливост на целиот систем, особено на институцијата МВР.
„Пасошот има добиено легимитет со внесување во базата на податоци. Исто така се фалсификувало и државјанство, за да добиете вие пасош прво треба да имате Уверение за државјанство. Истрагата мора да се прошири и во тој правец“, нагласи Диневски.