Со бегството на Груевски најголемиот удар е зададен врз идеите и платформата на „Шарената револуција“, со паролата „Нема правда, нема мир“, порача Александар Диневски некогашен работник во УБК, кој исто така беше и осуден во аферата за „Шпион“ при самото гостување на емисија на 1ТВ.
Без Груевски да понесе одговорност сите тие активности за воспоставување на правна држава, владеење на правото и за одговорност се пропаднати. Не може да биде компензација што останатите учесници, соучесници и извршители на Груевски ќе одговараат, без лично Груевски да биде санкциониран така како што треба. Не е битно колкава ќе биде казната, битно е да одговара, изјави Александар Диневски.