среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми во самоизолација

Директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми во самоизолација

Директорот за финансиска полиција, Арафат Муареми преку својот Фејсбук профил објави дека ќе биде самоизолиран затоа што имал контакти со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е позитивен на коронавирус.

„Почитувани пријатели, Би сакал да ве информирам дека овие денови имав средба со Мухамед Зекири пред да излезе позитивен на тестирањето на Ковид 19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции. Немам никави симптоми, додека во текот на ова недела ќе бидам тестиран од ИЈЗ. На Мухамед Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување, напиша Муареми на Фејсбук, пренесе АЛСАТ.

Најнови вести