„Трагајќи по потврда на информацијата, објавена од проф. д-р Дејан Трајковски дека Прилеп според процентот на новозаразени пациенти станува нов Вухан, а кој изнесува 60 насто од тестираните, директорот на прилепската Болница д-р Драган Богоески изгуби нерви и целосно ја загуби контролата, па вербално и со висок тон, пред бројни сведоци, се нафрли на нашата екипа. Тој освен што одби да одговори на поставеното прашање, се закани и дека во иднина влезот во Болницата за нашата телевизија, многу лесно може да биде забранет“, пренесува телевизија Алфа.
– Политички поени да прајте од Алфа..Ти реков, повеќе нема тебе да ти давам интервју, рекол д-р Драган Богоески, директор на Болницата.
Целиот текст може да го прочитате на АЛФА