понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на скопски Водовод со подароци за дечињата од СОС Детско Село

Директорот на скопски Водовод со подароци за дечињата од СОС Детско Село

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со цел збогатување на празничната магија и повеќе насмеани детски лица, денес директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински ги посети дечињата згрижени во СОС Детско село.

Во текот на посетата им се поделија скромни подароци, а се оствари и средба со Националниот координатор, Јулијана Накова Гапо, на која се потврди успешната соработка меѓу ЈП Водовод и канализација – Скопје и СОС Детско село, како и нејзиното продолжување во иднина.

Бидете хумани, давајте внимание. Донирајте сега и осветлете ја иднината на децата кои го заслужуваат тоа. https://sos.org.mk/osvetli-ja-idninata/

Најнови вести