Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), организираше настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.
На настанот свои излагања имаа Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, кој се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес и г-дин Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ, кој зборуваше за терористичките закани, стратегии и тактики преку анализа на научени лекции од Блискиот Исток.
На настанот присуствува голем број на претставници од дипломатскиот кор, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари.
Настанот беше организиран со почитување на сите безбедносни мерки и протоколи кои се предвидени во борбата против Ковид-19.