Државната корупција за спречување на корупцијата (ДКСК) на дененешната седница информира дека има предмет и се прибираат информации за случајот со Тодор Анѓушев, брат на вицепремиерот Кочо Анѓушев, за изградба на хидроцентрала на државно земјиште.
Одговарајќи на новинарско прашање претседателката на ДКСК Билјана Ивановска изјави дека има предмет и се работи на него. Повеќе информации најави кога ќе дојде крајот на случајот.
Членот на ДКСК Нури Бајрами, пак, рече дека се прибираат информации за предметот, кој бил покренат по пријава на ВМРО-ДПМНЕ или по допрен глас, а друга пријава е по основ на судир на интереси.
– Сега се работи и не можеме дa соопштиме детали, рече Бајрами.