Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).
Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците хранат мачки кои што шетаат низ објектот ќе бидат казнети.
Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.
Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.