Излезноста на гласачките места до 11 часот, според податоците од Државната изборна комисија, е 9,45 проценти.
Според досега обработените податоци со кои располага ДИК, до пресекот во 11 часот своето гласачко право го оствариле 49.862 граѓани.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес конференција ги повика граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право избирајќи градоначалници за локалните самоуправи.