Гласањето на вонредните избори за претседател на СДСМ на сите 194 гласачки места се одвива непречено, без застои во мирна и демократска атмосфера, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14.00 часот, гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47% проценти од активно регистрираните членови.
Гласањето трае до 19 часот.
По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори.
СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена и македонската демократија, СДСМ својот претседател го бира на внатрепартиски, непосредни избори, информираат од СДСМ.