Полека но сигурно поминува и денешниот неработен ден во земјава,а до крајот на годината остануваат уште неколку такви за сите граѓани на нашата земја.
Имено меѓу нив само еден е споен викенд и еден кој се паѓа во сабота и за жал нема да се помести.
Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.
За сите граѓани на РМ
11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.