сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

До вчера 137 лица со Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање

Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии поднеле 137 лица со позитивен тест за Ковид-19 и во самоизолација, како и 3.138 болни и немоќни лица.

Во однос на учеството на здравствените работници во избирачките одбори и нивно изземање од страна на ДИК, Шеху рече дека Комисијата не би можела да каже дека има проблем бидејќи оние што сакаат изземање доставуваат документација дека се спречени да учествуваат во изборниот процес во посебните избирачки одбори.

-Ние повторно ќе ги менуваме. Сега собираме податоци. Можеби ќе бидете известени повторно ќе правиме случаен избор за нови здравствени работници. Малку ни е во овој дел проблем, рече Шеху.

До вчера 80 здравствени работници биле изземени од посебните избирачки одбори.

– Имавме сто барања, на 80 им е прифатено барањето, рече потпретседателката на ДИК, појаснувајќи дека некои од нив се во пензија, не се веќе во работен однос во здравствена институција, некои се во странство, некои не можат да се најдат… Таа потенцира дека сега имаат барања за изземање и од тие што биле случајно избрани, откако дел биле изземени.

Шеху рече дека само 10 отсто од избирачките места се сменети заради запазување на мерките за заштита од Ковид-19.

Најнови вести