сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Добра за избегнување одговорност- Царовска не успеа да го расчисти ниту случајот со силуваното и препродавано девојче

Добра за избегнување одговорност- Царовска не успеа да го расчисти ниту случајот со силуваното и препродавано девојче

Нема да се бара кривична одговорност за случајот со злоставуваното девојче од домот „25 Мај“ обелоденет во февруари минатата година. Обвинителството ги отфрли кривичните пријави против 11 вработени од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Скопје за несовесно работење и запуштање и малтретирање на дете.

Иако државата презела одговорност дека ќе се грижи за децата, сепак малолетна штитеничка на домот „25 Мај“ повеќе од два месеци била сексуално експлоатирана, а бил договорен и присилен брак и притоа забременила и со закани по животот морала да абортира. А за целиот случај никој од надлежните нема да сноси одговорност за хоророт кој го доживеа девојчето.

Министерката Мила Царовска поднесе 11 кривични и над 20 дисциплински постапки за вработени во центарот за социјални работи и домот „25 Мај“, кои сега обвинителството ги отфрли како неосновани.

Министерството за труд и социјална работа и институциите целосно потфрлија. Штитеници на домот „25 Мај“ преживуваат лични хорори и се злоупотребувани и злоставувани, а никој од надлежните лица кои треба да се грижат и да ги воспитуваат овие деца не поднесуваат одговорност ниту ги гони обвинителство.

Граѓаните речиси година дена очекуваат одговори дали воопшто некој ќе поднесе одговорност за овој скандал. Откако пропаднаа кривичните тие бараат и очекуваат министерката Царовска наместо повторно да ја префрла вината конечно да ја поднесе одговорноста за летаргичноста, негрижата и неспособноста за случајот со злоставуваното девојче но и останатите скандали кои избија во домот „25 Мај“

Во јавноста деновиве изби уште еден скандал вреден десетици милиони евра откако не беа префрлени пари во пензискиот фонд за 12.000 осигуреници.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Артан Груби ја посочи министерката Мила Царовска како најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија.

Тој вели дека Царовска веќе две години раководи со Министерството за труд и социјална политика, и ако биле направени погрешни трансфери во Пензискиот фонд, тие се направени во нејзино време, и заради тоа одговорност прво треба да се бара од нејзе а потоа кај другите.

– Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри. Додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција, рече Груби.

 

Најнови вести