четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Додека Манчевски најавува отпуштања на администрацијата од работа, Владата ќе потроши 4,5 милиони денари за нови вработувања

Додека Манчевски најавува отпуштања на администрацијата од работа, Владата ќе потроши 4,5 милиони денари за нови вработувања

Додека министерот за инфроматичко општество Дамјан Манчевски најавува бран отпуштања од јавната администрација, Владата објави нов оглас за вработувања.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша оглас за доделување на договор за јавна набавка во кој како предмет на договорот стои ставката привремени вработувања.

Според огласот кој е објавен на Бирото за јавни набавки Владата за оваа цел планира да потроши 4,5 милиони денари односно околу 75 илјади евра.

Со овие огласи за вработувања се наметнува прашање зошто доколку власта мисли дека треба да дојде до реорганизација на јавната администрација, наместо засилено да распишува огласи за вработување не врши префрлање на веќе вработените, од место со вишок на вработени во места со помал број?

-За некои можеби ќе биде и болен процес, но тоа е нешто што мора да се направи за да се стави ред на хаосот. Тоа ќе значи укинување можеби на институции, намалување на бројот на менаџери, управни одбори и раководни лица. Во прв план да се обидеме на луѓето да им најдеме место во системот доколку анализата нормално укаже дека одреден број на луѓе се прекубројни како што веќе најавуваме долго време ќе подготвиме една понуда до приватниот сектор и под одредени услови ќе се обидеме да ги префрлиме луѓето таму, изјави денеска министерот Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Како и по кој основ ќе биде вршено префрлување на вработените од јавниот во приватниот сектор, не кажува Манчевски, ниту по која методолигија. Дали со ова Манчевски сака индиректно да посочи дека ќе има бркање од работа на луѓето кои не се по нивна волја односно не се партиски војници, допрва треба да се одговори.

 

Најнови вести