среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Додека се уште молчи за навредите од албанските новинари и министерот Дамјан Манчевски ги нападна ракометарите (ФОТО)

Додека се уште молчи за навредите од албанските новинари и министерот Дамјан Манчевски ги нападна ракометарите (ФОТО)

Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски вчера ги нападна Стојанче Стоилов и Борко Ристовски за нивните изјави и гестови со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Северна Македонија.

Иако Манчевски преку пораката сака да прикаже дека се противи на делби тој самиот прави поделби меѓу ракометарите и меѓу граѓаните што ги поддржуваат или напаѓаат.

-Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби, напиша Манчевски на Твитер.

Министерот во чија надлежност е и МТВ2 која емитува на албански јазик и која го нападна Столе Стоилов во директен пренос, се уште молчи за навредите и бојкотот на спортската редакција на МТВ2 кон Стоилов.

Инаку претходно Стојанче Стоилов објави статус откако во македонското собрание беше изгласана промена на името каде порачува дека треба да ни е срам на сите.

-Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

Статусот на Стоилов одекна и во регионот, па беше повод да го пренесат и многу балкански медиуми.

Дел од нив е и српскиот „нови магазин“, кој веста ја наслови како: „Стоилов: За мене секогаш ќе биде Македонија“, веста одекна и во хрватските медиуми, па така хрватски „Индекс“ веста ја наслови како: „Македонската легенда полуде“: Не е нормално што попуштаме, ова е Македонија.

 

Но, по скандалот на новинарот на МТВ 2 кој за време на преносот Стојанче Стоилов го нарече „играчот со бројот 5“, наместо извинување и други албански новинари се солидаризираат против македонскиот ракометар.

-Почит и максимална поддршка за колегата Мустафа Адеми, кој докажа висок професионализам и почит кон нашите гледачи, не споменувајќи го името на ракометарот со бројот 5 на македонската репрезентација, кој себеси си даде правото да го игнорира и потчинува албанскиот јазик и со тоа и Албанците на една спортска активност.

И изненадувачки, во некои медиуми на македонски јазик, наместо да се критикува неспортскиот и националистичкиот гест на антиалбанскиот ракометар, кој од тој ден не само за колегата Адеми, туку и за мене претставува само број, тие бараат да се преземат мерки против колегата Адеми, стои во статусот на Наим Синани.

По, ова и мегафонот на Заев и СДСМ, Саше Ивановски-Политико побара забрана за спорт за Столе Стоилов и во својот текст на Мактел го нарече свиња и куче.

-Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на Мактел.

На својот Фејсбук профил фотографија поврзана со Македонија објави и Кире Лазаров.

И македоснкиот ракометен репрзентативец Борко Ристовски се приклучи на ракометарите кои на тековното Светско првенство испратија јасна порака дека нашето име е Македонија.

Како што тоа претходно го направија Стојанче Стоилови и Кире Лазаров, овој пат и нашиот голман алудираше дека Македонија е една пред мечот со Бахреин.

Ристоски додека се интонираше македонската химна покажа македонски симбол кој ги згреа срцата на илјадници Македонци, погледнете.

Најнови вести