Земјоделците мака мачат со речиси сите видови на овошје и зеленчук овие три години откако СДСМ е на власт.
Овие недели најактуелна е продажбата на праските која речиси и да ја нема или ја има по смешна цена.
Откако производителите на праски неодамна протестираа со истурање на родот во знак на револт поради незаинтересираноста од страна на Министерството за земјоделство, Заев го смете поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, но сепак со „метлата“ само и замачка очи на јавноста, бидејќи ново назначениот министер Трајан Димковски е „копија“ на Николовски.
Димков инаку е поранешен шеф на кабинетот на Љупчо Николовски и неодамнешен раководител на овој ресор што е доказ дека земјоделците од ден на ден се повеќе тонат и се во загуба.
На социјалните мрежи инаку се појавија и фотографии од еден супер маркет во Македонија каде праските се продаваат по цена од 65 денари за килограм.
-Зошто земјоделците ги фрлаат праските по улица? Зарем не се задоволни со цена од 65 денари? Ааа во еден македонски супер маркет праските се носат од Грција, а нашите одат по реки и ливади бидејќи се 1 денар килограм. Народот е*ан, на државата така и одговара, стои во постот на социјалните мрежи.
Праските минатиот месец инаку во Росоман се продаваа по смешна цена од 40 денари за 10 килограми (една гајба), додека се увезуваат од странство за двојна цена и се продаваат исто така двојно.
И додека земјоделците не ја губат надежта за нивниот род, Димковски заедно со Оливер Спасовски остварува партиски средби во Кочани и води политичка кампања промовирајќи ги лошите политики на Заев и владата која од ден на ден се повеќе тоне.