сабота, 27. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Доделување на наградата за реализирано дело од областа на архитектурата за 2021 година

Доделување на наградата за реализирано дело од областа на архитектурата за 2021 година

Свеченост по повод доделување на големата годишна награда за 2021 година за реализирано дело од областа на архитектурата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, ќе се одржи денеска во Музејот на Град Скопје.

Ова македонско признание за архитектонско достигнување, традиционално и со сите почести се доделува секоја година и претставува афирмација на архитектурата во нашата земја.

– По пат на јавен повик се пријавуваат авторски дела – реализирани архитектонски објекти, од кои стручна Комисија врши селекција и најдоброто дело, кое отсликува квалитетно архитектонско творештво го одбира како првонаградено. Победникот ќе биде прогласен на денешниот настан, соопшти ААМ.

Најнови вести