Во вчерашната емисија „Вин вин“, новинарката Анета Додевска на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески му порача дека јавноста е разочарана од оваа власт бидејќи наместо правда доби неправда и непотизам во огромни размери.
„Како што поминуваше времето сметам дека овие фактори ќе бидат значајни за последните изборни резултати и бројки на контото на СДСМ, бидејќи се случи еден елитизам, се случи еден процес кој што предизвика големо разочарување кај јавноста“, појасни Додевска.
Додевска посочи дека јавноста како јавност и не очекуваше спектакуларни економски резултати.
„Но паралелно со тоа од другата страна јавноста беше сведок на други процеси. Можеби не е значајно, но е значајно што тоа го урна делот на имиџот на власта тој непотизам, тие роднински, а не партиски вработувања, роднински вработувања. Отсуството на храброст за реформи на администрацијата. Правдата за која што се боревме одеднаш стана неправда“, истакна Додевска.
Додевска додаде дека јавноста е сведок како во време на оваа власт за два дена може да се вработи пола фамилија, или да напредуваш.