Германскиот весник „Ханделсблат“, во своја анализа за состојбата во Грција по референдумот за промена на името во Македонија, за името на државата пишува како за Република Севернамакедонија, кое е споено, а не како што Заев вели дека стои во договорот Република Северна Македонија.
– Од „Поранешна Југословенска Република Македонија“ државата станува „Република Севернамакедонија“. Во недела гласаат граѓаните во Македонија за промената на името. Гласање за, ќе и ги отвори на Македонија вратите кон ЕУ и НАТО, пишува германскиот весник „Ханделсблат“, во своја анализа за политичките сосотојби во Грција по референдумот во Македонија.
Весникот пишува и за состојбата во Грција, и во тамошната влада, имено десничарскиот популист, Панос Каменос, кој заедно со Сириза на Ципрас е дел од владеачката коалиција веќе најавил дека не само што ќе гласа против договорот, туку и ќе излезе од владата, со што изборите од септември, ќе се преместат најверојатно за првата половина од годината.