Ратификацијата на договорот од Преспа во грчкиот парламент ќе се гласа на 21. или 22. јануари , објави телевизијата „Телма“.
Како што неофицијално дознава „Телма“ од дипломатски извори, се очекува утре со мнозинство од 151 пратеник, да и биде изгласана доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, а веќе во понеделник или во вторник на дневен ред, пред грчките пратеници да се најде ратификацијата на Договорот за името.