петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО ШЕСТ УЧИЛИШТА – „Јосип Броз Тито“ испразнето за неколку минути, полиција на секој чекор, центарот на Скопје блокиран! (ФОТО)

ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО ШЕСТ УЧИЛИШТА – „Јосип Броз Тито“ испразнето за неколку минути, полиција на секој чекор, центарот на Скопје блокиран! (ФОТО)

Пред неколку минути повторно беше целосно испразнета гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на градот.

Освен во ова средно училиште истото се случувало и во останати пет во градот Скопје, информираат од полицијата за КУРИР.

Од таму велат дека станува збор за дојава на бомби.

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за КУРИР.

Најнови вести