вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доказ дека Заев преговара и за јазикот: Наместо македонски- јазикот на ФИРОМ стои во Европската комисија

Доказ дека Заев преговара и за јазикот: Наместо македонски- јазикот на ФИРОМ стои во Европската комисија

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска присуствуваше на Самитот на Европската комисија, а како еден од јазиците на државите кои присуствува на самитот, јазикот на Македонија е пишан како „јазик на поранешна Југословенска Република Македонија.

Иако, во Европската унија јазикот на државата е признат како „македонски“, на последниот самит на Европската комисија во графата за јазици како напишано стои друго. Последен пат кога имаше проблеми со јазикот, државните институции остро реагираа. Сега се поставува прашањето дали институциите ќе реагираат на ваквиот потег на Европската комисија.

Многумина пак сметаат дека ова е доказ дека Заев покрај за промена на името преговара и за промена на идентитетот, јазикот и Уставот. Тој денеска кажа дека бил даден предлог прифатлив за двете страни, меѓутоа не одговори дали ќе се чепка и Уставот, што според јавноста значи дека има шанси да се менуваат и деловите за кои државата досега имаше цврсти црвени линии преку кои не се поминуваше.

Инаку низ медиумите денеска се појави и нов предлог за името, име кое би било за севкупна употреба.

„Република Илинденска Македонија“ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонска страна во преговорите, пренесува весникот „Коха“ и порталот А1ОН.

Името „Република Илинденска Македонија“ би било за севкупна употреба.

Најнови вести