Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува и дека од 15.11.2020 година почна законската обврска за задолжително носење зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.