петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Бајрами: Голем број граѓани кои посетуваат лекар поради стомачен вирус, излегуваат позитивни на коронавирус

Доктор Бајрами: Голем број граѓани кои посетуваат лекар поради стомачен вирус, излегуваат позитивни на коронавирус

Сè повеќе деца и возрасни кои изминативе денови се пожалиле на стомачни тегоби, по направени анализи и испитувања, се покажало дека се позитивни на коронавирус. Ова за „Слободен печат“ го потврди раководителката на секторот епидемилогија во Центарот за јавно здравје, Љуљзиме Бајрами.

-Ние и порано суспектните на ковид ги прашувавме дали имаат стомачни проблеми, односно дијареа и повраќање, но сè до неодамна ретко некој позитивно одговараше на ова прашање од анкетниот прашалник. Забележуваме дека изминативе десетина дена се поголем е бројот на граѓани кои лекар посетуваат поради стомачни тегоби, а откако матичните лекари ќе ги препратат на дополнително испитување, се потврдува дека се позиитивни на ковид, вели д-р Бајрами.

Таа нагласува дека помеѓу пациентите е значително зголемен бројот на деца кои посетуваат училиште.

-Можам да кажам дека се бележи зголемување на бројот на деца од училишна возраст кај кои зачестено се појавуваат симптоми на стомачен вирус. Вирусот е проследен со покажена температура. Апелирам до родителите да не чекаат и веднаш да се јават кај матичните педијатри, за понатамошен третман, вели тој, пренесе СП.

Д-р Бајрами порачува граѓаните да не ги занемаруваат стомачните тегоби.

-Апелирам до граѓаните, покрај веќе познатите симптоми на коронавирус, како кашлање, покачена температура и губење на сетилата за мирис и вкус,  да не ги занемарат и стомачните симптоми, нагласува д-р Бајрами.

Најнови вести