Д-р Нико Беќаровски предупредува дека проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со Omicron BA-5.
-Дури 50% од заболените со овој сој поранo или подоцна во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром. Затоа, ова лето при појава на овие симптоми не “ја напаѓајте веднаш расипаната храна која сте ја јаделе тој ден” и избегнувајте неколку дена контакти со постарите и болни членови од Вашето семејство, советива д-р Беќаровски во однос на актуелниот ковид бран.