Доктор Нико Беќаровски преку неговиот Фејсбук профил порача дека казната за присуство на цивилни лица во ковид-центар не може да биде само разрешување на надлежните.
„Континуирано присуство на цивилни невработени внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.