Доктор Јота има тешка повреда на главата. Се наоѓа на oдделот за интензивно лекување. Има нагмечување на мозокот и белите дробови и поставен е на респираторна машина. Сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување.
Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес- конференција, како одговор на новинарско прашање за состојбата на докторот Ѓорѓи Јота, кој синоќа беше прегазен од страна на малолетник.