Од побарани 15 согласности за вработување доктори во Клиничката бочница во Штип, кои не се доволни одобрени се само 8 и тоа за оние кандидати, кои се во тесни и блиски врски со лица кои се дел од владејачката СДС, ова денеска го истакна Никола Костадинов, вработен во Клиничката болница во Штип.
-👉Порачуваме на кандидатите кои не се избрани дека оваа крајно неспособна Влада наскоро ќе замине во историјата,одложете го пакувањето на куферите и заминувањето во странство.
❗️По целосното отсуство на стратегија за изградбата на Клиничка болница во Штип сведочиме и за целосно отсуство и на стратегија на кадар кој лекува – лекари, средно-медицински кадар и помошно-технички персонал.
❗️Неспособноста и неодговорноста врши поткопување на јавното здравство со НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал.
👉Многу бргу по промената на власта ќе започне процес на обновување на здравствениот систем во целост преку имплементирање на стратегијата на млади лекари која ќе развие методологија и правци за да се вратат младите и да останат да работат во Македонија.
👉Д-р Никола Костадинов, вработен во Клиничка болница Штип👇, стои во постот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.