Доктор Ненад Лазаров обвинува дека општите ординации се оставени сами на себе, без елементарна заштита, никаква помош во ресурси.
-Не натеретивте со цела админинистрација плус на секојдневната работа, хартии од секаде, а помош никаква! Свесни ли сте што ќе се случи ако ние колабираме и почнеме да затвораме ординации? Пари не бараме, бараме дезинфициенси, маски, ракавици, или ние не сме дел од здравстениот систем, напиша тој.