Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов во денешното гостување во Дневникот во Сител Телевизија, истакна дека мерките се носат набрзина од нив може да се развијат проблеми со дискриминација на луѓето, а нејасно е зошто министерот за здравство прогласи крај на пандемијата во јуни која најавите за делта сојот постоеја и во јуни.
-Мерките се донесоа брзоплето, набрзина ако ги компарираме со земјите во Европа иако таму сега има протести, мерките беа донесени во една законска процедура како нови закони со зачувување на човековите права, обезбедување и гарантирање на човековите права, за разлика од кај нас, вели Николов.
Тој посочи дека во Македонија се соочуваме со раздавање на памфлети со кои работодавачи ги обврзуваат работниците за вакцинирање и давање на пофалби доколку се вакцинираат, дали тоа значи дека некој би напредувал на работното место во ваква потенцијална дискриминација, прашува доктор Николов.
-Ние не сме заштитени со овие мерки ако некои луѓе западнат во дискриминациски состојби и не се само кафаните и кафулињата, има многу суптилни прашања кои се засегаат, но со носење на една брзоплета одлука, а никој не знае како од понеделник ќе се спроведат мерките, вели доктор Николов.
Доктор Николов вели дека до вчера од една состојба на луди журки и немање на никаква контрола, одеднаш сме во состојба да се бара на некого документи за влегување некаде .
-Сведоци сме дека имаше големи најави дека Делта бранот доаѓа уште на 20-ти јуни, а министерот за здравство на 20-ти јуни прогласи дека веќе е победена пандемијата и дека сме во една состојба каде се ќе биде мирно, а потоа се се отвори, вели Николов.