Како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ подготвивме цел сет на предлог мерки за да се подготви здравствениот систем на она што ни следи од овој четврт бран, уште во јули месец беа истите објавени, но за жал немаше никаков одговор од страна на Владата, а денеска се наоѓаме во една ситуација во која Инфективна клиника е полна до четврти спрат и имаме навала на огромна бројка на пациенти а здравствениот систем повторно не е спремен да одговори, појасни доктор Игор Николов претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМЕН, во денешното гостување во Сител телевизија.
Тој објасни дека во соседните земји цело лето беа во тек промотивните мерки за вакцинирање, како ваучерите кои Владата ги одвојуваше можеше да бидат наменети за вакцинација како во соседна Србија, а сега се воведуваат мерки кои требаше да се прават измеѓу третиот и овој бран.
-Сега дали оваа присилна вакцинација со прва доза ќе помогне во тоа да нема потешки случаи, веројатно можеби но не сме сигурни дека така ќе биде во ек на четврт бран, вели доктор Николов.
Тој појасни исто така дека Записниците од заседавањето на Комисијата за заразни болести не се јавно достапни, можеби таа предложила мерки уште во јуни месец, но не се знае дали заседавала или дали Владата не ги усвоила тие мерки.
-Нам сега ни требаат мерки за подготовка на системот за четвртиот бран, ние имаме наплив на пациенти, а во моментов се одржуваат журки и забави, докторите на Инфективните клиники добиваат наредба да го прекинат одморот било каде и да се, тоа е ненормална ситуација, така да она што требаше да се спроведе во јуни месец минимална контрола на границите и забави во затворен простор сега го дава резултатот, појасни доктор Николов.